Македонска традиционална храна



Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или листови од штавеј. Зборот Сарма има потекло од турскиот јазик и означува да се свитка









Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии.
Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.




Ширден — македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп. Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето. Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden, што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите. За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо (јагнешкотелешко и свинско), ориз и разни зачини. Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.

Comments

Popular posts from this blog

Могила на непобедените

Носија од Прилепско Поле