Posts

Showing posts from April, 2018

Могила на непобедените

Image
Могилата на непобедените  — меморијален комплекс во  Спомен паркот на Револуцијата  во  Прилеп . Комплексот бил изграден во  1961  година во чест на загинатите борци од  НОВ , според проект на архитектот  Богдан Богдановиќ . Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот  2007 - 2008  комплексот бил целосно ревитализиран. Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на  Прилеп  е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во  од  НОВ   19...

Носија од Прилепско Поле

Image
Народната носија во пределот Поле (Прилепско), голем рамничарски предел во средниот дел на брсјачката етничка област, по бројноста на  облеките  и нивното украсување е позната по тоа што во минатото била една од најдекоративните, но во исто време и најтешките носии што ги носеле жените во  Македонија .

Македонска традиционална храна

Image
Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или листови од штавеј. Зборот Сарма има потекло од турскиот јазик и означува  „ да се свитка “ Тавче-гравче  — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски  грав  и може да се најде скоро во сите македонски  ресторани . Се сервира во македонски земјени чинии. Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен  тетовскиот  грав. Ширден  — македонско традиционално јадење, симбол на  кулинарството  во  Прилеп . Во некои краеви на  Македонија  ова  јадење  се нарекува и  сириштето на јагнето . Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор  şirden , што го означува четвртиот дел од  желудникот  на  преживарите . За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орга...